ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Денот на македонската револуционерна борба

21.10.2010 11:05 | KumanovoNews

 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до граѓаните на Куманово по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври.

ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Денот на македонската револуционерна борба

 Со одбележување на овој голем датум од македонската историја им искажуваме почит и им се поклонуваме на луѓето кои ја поставија основата на патот до денешната независност и самобитност на нашата држава.Сите заедно ќе ја покажеме гордоста која ја чувствуваме кон делото на нашите прадедовци, кон нивната подготвеност да го жртвуваат највредното - сопствениот живот со цел да ја видат Македонија слободна. Токму тој највреден и најсветол аманет тие им го оставија на идните генерации да го паметат, негуваат и почитуваат- рече портпаролот Игор Божиновски на денешната прес конференција.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk