ВМРО-ДПМНЕ со донација на црквата во Тромеѓа

21.04.2011 15:02 | KumanovoNews

Делегација на Општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ денеска на црковниот одбор во селото Тромеѓа му испорача градежен материјал, донација за ограда и за доуредување на црковниот двор на новоизградената црква „Свети Ѓорѓија„.

ВМРО-ДПМНЕ со донација на црквата во Тромеѓа

Црквата ќе биде осветена на вториот ден Велигден, во понеделникот претпладне, а се очекува чинот на осветувањето да го изври неговото преосвештенство Владиката Кирил.

,,Изразуваме благодарност до општинкиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ за овој нивен придонес за нашата црква со што се придружуваат на бројните донатори во изминатите десет години, колку што се гради овој христијански храм‘‘ - се заблагодари претседателот на месната заедница на Тромеѓа, Верди Станоевиќ.

,,Мило ми е што конечно Тромеѓа ќе добие свој божји храм и тоа токму на најголемиот христијански парзник Велигден.  ВМРО-ДПМНЕ секогаш помагал вакви зафати на граѓанити па тоа го прави и во овој случај со нашата скромна донација‘‘ - изјави претседателот  Јордан Пачков.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk