Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес - конференција предложија мерки со кои јавните претпријатија “Водовод“ и “Куманово - гас“ можат подобрo да работат.
- Остануваат уште многу работи кои ЈП “Водовод“ треба да ги реши, а на кои советничката група на ВМРО - ДПМНЕ со коалицијата постојано укажува. Да се сведат на минимум дефектите на водоводната мрежа, бидејќи со постоечките дефекти “Водовод“ е далеку над европските просеци. Да се подобри наплатата за потрошена вода. Да се намалат загубите во водоводната мрежа, да се запрат прекумерните вработувања и со тоа да се намали цената на водата кон домаќинствата. Во “Куманово - гас“ вкупната бруто плата е зголемена за околу 32 отсто во однос на претходната година, но за непродуктивни вработувања, а на претпријатијето му треба пред се стручен кадар кој ќе работи на изградба на гасоводната мрежа - вели Мирослав Стојановски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.
Тие потенцираат дека овие претпријатија се во лоша финансиска состојба бидејќи подолго време се работело неодговорно.
На вчерашната седница на Советот на општина Куманово се дискутираше за тромесечните извештаи кои покажаа мала добивка во работењето на “Водовод“ и загуба од 1,4 милиони денари во “Куманово - гас.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk