ВМРО-ДПМНЕ:„Среќко Пужаљка“ небезбедна за движење

23.05.2017 12:51 | KumanovoNews

 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека со реконструкција на улицата „Среќко Пужаљка„ ја загрозува безбедноста на граѓаните и учениците кои секојдневно поминуваат во тој дел на градот.

ВМРО-ДПМНЕ:„Среќко Пужаљка“ небезбедна за движење

 „Деновиве сме сведоци како на големо, се врши реконструкција на улицата Среќко Пужаљка која поминува покрај три станбени згради, педесетина куќи, три училишта и една градинка. Конечно, по толку години, локалната власт предводена од СДС, покажа разбирање и се зафати со решавање на наталожените проблеми на жителите на оваа улица. Но со решавање на едни, очигледно Зоран Дамјановски и СДС се склони кон создавање на нови уште поголеми проблеми. Во овој случај тоа е проблемот со безбедноста на граѓаните. Имено секојдневно, а посебно вчера наутро учениците и децата што одат во оваа градинка, директно беа загрозени од отворените шахти, поголеми дупки и остри остатоци од цевки и градежни алатки распослани по целата улица“,- Срѓан Ивановски - портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

Ивановски праша кој ќе одговара ако некој од минувачите се повреди и зошто улицата не е затворена за минување, додека не се обезбеди сигурно движење на граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk