ВМРО-ДПМНЕ: Во Куманово нема реформи

21.03.2013 14:31 | KumanovoNews

Од ВМРО - ДПМНЕ денеска го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека ништо не направил за Куманово, дека градот нема кино сала ниту стара градска архитектура.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Куманово нема реформи

Ве прашуваме по што Куманово е препознатливо, по која област во културата. Дали е туристичка атракција центар со еден споменик, илјадници руинирани фасади. Зборувате за Куманово како за слободарски град, за неговото културно - историско минато, прашањето е што направивте вие како прв човек на градот да го афирмирате ова наше културно - историско наследство. Дали Куманово може да се спореди со било кој град во државата и во кој дел се зборува за реформи и напредок? - праша Емилија Арсовска Николовска, портпарол на ВМРО - ДПМНЕ ОК Куманово.

Таа потсети дека пред извесно време Дамјановски повикувал на отпор, а сега барал поддршка за доброто на граѓаните.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk