ВМРО-ДПМНЕ:Во Куманово се ветува, ама не се исполнува

17.09.2015 12:11 | KumanovoNews

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека само ветува, а ништо не исполнува.

ВМРО-ДПМНЕ:Во Куманово се ветува, ама не се исполнува

Велат дека градот е нечист, на многу места нема улично осветлување, а кучиња скитници се шетаат на Градскиот кеј.

Лошото управување со општината е во делот на расчистување на ѓубрето и сметот што се прават околу контејнерите, на кејот на реката и централното подрачје. Запуштени градски и приградски зелени површини, направени природни змијарници од голема трева која никој не ја коси во околината и ѓубре, пластика на сите страни. Коритото на реката Кумановка кај кеј е полно со смет и се шири непријатна миризба. Шеталиштето покрај реката на кејот е во катастрофална состојба, испокршени бекатони и големи дупки - вели Никола Перовиќ од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Стариот градски парк и Соколанскиот парк, како и делот пред Центарот за култура не се одржуваат воопшто и тревата е исушена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk