Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ВМРО - ДПМНЕ денеска на прес - конференција им ја честитаа Новата година на граѓаните, со многу желби за подобро Куманово, за посреќен и поквалитетен живот, во кој сите луѓе ќе живеат достоинствено и со многу оптимизам за иднината.
“ВМРО - ДПМНЕ одсекогаш водело грижа за својот град, и секогаш ја користи можноста да помогне во наоѓање на решенија за проблемите кои ги имаат сите граѓани на општина Куманово. Во Новата 2015 година посакуваме за Куманово и Република Македонија да се отворат нови можости за развој, да бидеме сведоци на што повеќе успешни приказни“ - рече Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.
Од ОК на ВМРО - ДПМНЕ на граѓаните им посакуваат многу здравје, љубов и бериќет за претстојните Новогодишни и Божиќни празници.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk