ВМРО-ДПМНЕ: Жителите на “Народна револуција“ бараат тротоар

13.05.2016 12:29 | KumanovoNews

 Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, денеска ја обвинија локалната самоуправа дека наместо да се грижи за локалните и комунални проблеми, организира шарена револуција во градот.

ВМРО-ДПМНЕ: Жителите на “Народна револуција“ бараат тротоар

Како пример ја посочија улицата „Народна револуција“, каде жителите секојдневно се движат по коловоз наместо по тротоари и обележани пешачки премини, поради што е нарушена безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

„Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, од улица „Народна Револуција“, ги известува лажните револуционери - Дамјановски и Димитриевски дека зараснативе површини, ситниве депонии, асфалтни дупки и особено необележани пешачки премини не се шарена илузија произведена од новинарските камери и фотоапарати. Ниту пак некаква партиска герила преку ноќ ги однела тротоарите коишто некогаш постоеле, туку се ШАРЕН ПРОИЗВОД на ШАРЕНИТЕ ЛАГИ на локалните власти и вдомените партиски послушници коишто неморално секојдневно, одобруваат уништување и уништуваат државен имот!“, - рече Срѓан Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

 Од партијата побараа побрзо решавање на проблемите на оваа улица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk