ВМРО-ДПМНЕ:Жителите на Палестина отсечени од цивилизацијата

07.09.2015 13:03 | KumanovoNews

Жителите на место викано Палестина во село Долно Којнаре се отсечени од цивилизацијата поради големиот број на комунални проблеми, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ:Жителите на Палестина отсечени од цивилизацијата

Тие денеска на прес-конференција посочија дека градоначалникот Зоран Дамјановски и општина Куманово не  го асфалтирале патот во населбата, а немаат ни канализација и улично осветлување.

“Целата населба нема канализација. Го молевме градоначалникот безброј пати и тој во неколку наврати ни вети дека ќе не приклучи кон канализационата мрежа. Но, како што можете да видите ништо од сето тоа. До кога ќе чекаме?Срамота е за општината што толку години нема слух за нашите проблеми. Цело време живееме во страв бидејќи населбата нема улично осветлување, па навечер избегнуваме да се движиме. Голем проблем за нас е што немаме броеви, ниту имиња на улиците“- изјави Јелена Трајковска, на денешната прес конференција.

Трајковска вели дека градоначалникот ги посетува само за избори, но неговата негрижа тие нема да ја заборават. Во место викано Палестина живеат околу 300 жители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk