ВМРО-НП подготвена за избори

26.03.2011 11:23 | KumanovoNews

 На годишната конференција на ВМРО-НП во Скопје, присуствуваа и песедесетина членови на општинскиот комитет од Куманово.

ВМРО-НП подготвена за избори

 Кумановскиот огранок, како еден од најголемите во државата, го претставуваше раководствоти и претставници од месните комитети, младите и  унијата на жени.

ВМРО-НП е партија која секој ден е се посилна и побројна, бидејќи постојано имаме нови зачленувања и обновувањa  на членството од луѓе кои во одреден период се дистанцирале од партијата, или преминале во некоја друга партија. Можам слободно да кажам дека сме подготвени за самостоен настап кога и да се одржат изборите. Очекуваме реална бројка од околу 100 илјади гласа или 10 до 15 пратенички места. Ние сме партија која го прави балансот помеѓу двете најголеми политички партии и нашиот став е да партиципираме во власта независно која политичка опција ќе добие мандат да формира влада- изјави Елизабета Симоновска претседателка на OK  ВМРО-НП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk