ВМРО-НП во Куманово ќе ги промовира кандидатите за пратеници

05.05.2011 12:44 | KumanovoNews

 ВМРО-Народна партија во недела на Конвенција ќе ги претстави шесте изборни листи и кандидатите за пратеници за престојните избори.

ВМРО-НП во Куманово ќе ги промовира кандидатите за пратеници

Конвенцијата ќе се одржи во Центарот за култура во 17 часот, а на присутните членови и симпатизери ќе им се обратат носителите на листите. Од кумановскиот општински комитет, трета на листата во изборната единица два е претседателката Елизабета Симоновска.

ВМРО-НП во својата програма акцент ќе стави на решавање на клучните проблеми од кои зависи економскиот просперитет и намалување на социјалната несигурност на граѓаните, измани во законот за казнена политика кој претставува економски мобинг на населението, и секако решавање на најважните прашања, влез на државата во ЕУ и НАТО-рече Симоновска на денешната  прес-конференција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk