ВМРО со честитка за Денот на револуционерната борба

22.10.2015 13:08 | KumanovoNews

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на граѓаните им го честитаат 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба.

ВМРО со честитка за Денот на револуционерната борба

Велат дека Денот на македонската револуционерна борба е симбол на стремежот на македонскиот народ за самостојна и независна држава.

Формирањето на македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна се создава македонската револуционерна организација ВМРО го означува почетокот на организираното македонско револуционерно движење преку Илинден, 1903 , Крушевската република и НОБ за на крај преку АСНОМ и 8 септември 1991 година се устоличи македонската државност. Нашата должност кон нашите револуционери, херои и борци е никогаш да не го заборавиме нивниот пат, да продолжиме да ја чуваме и негуваме идејата за слободна и независна Република Македонија“- изјави Валентина Јовановска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Јовановска вели дека ова е голем празник за македонскиот народ, а државата треба да се чува за идните поколенија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk