Внимателно возете, можна е појава на голомразица

19.01.2016 10:00 | KumanovoNews

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани изастои, по наместа влажни коловози.

Внимателно возете, можна е појава на голомразица

Поради ниски температури на осојничавите места можна е појава на голомразица. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово ­ Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од  15-­ти  ноември  2015  година  на  сила  е  законската  обврска  за задолжително  поседување  на  зимска  опрема  во  возилата,  без  оглед  на  моменталната  временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk