Внимателно возете по влажните коловози

27.03.2015 14:11 | KumanovoNews

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, информираат од Македонија пат.

Внимателно возете по влажните коловози

Слаб дожд паѓа низ цела Македонија. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината според условите на патот. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk