Внуци го пронашле 70-годишниот дедо со повреда на главата, се испитува кaко настанала

26.10.2024 16:17 | KumanovoNews

А.П.(70) од Куманово вчера во 17.25 часот бил пренесен на лекување во Општата болница Куманово со повреда во пределот на главата.

Внуци го пронашле 70-годишниот дедо со повреда на главата, се испитува кaко настанала

Откако случајот бил пријавен во полиција, екипа излегла на местото на настанот, при што бил извршен службен разговор со неговите двајца малолетни внуци. 

„Тие појасниле дека откако нивниот дедо не им отворил врата, се посомневале дека нешто не е во ред и насилно ја отвориле вратата и влегле во домот при што го пронашле нивниот дедо со повреда на главата. А.П. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk