Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште „11 Октомври“ денеска беше одбележан Денот на дрвото со засадување на садници.
Учениците пишуваа творби, цртаа на тема “Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, собираа смет и дворот го засадија со бел бор.
Одделенска настава се внатре , творат на тема дрво значи има цртање , пишување на лични творби , уредување на училниците , додека учениците од предметна настава имаат активности во училишниот двор ,значи засадувања на садници. Исто така и еколошко средување на дворот ,собирање на лисја и такви слични активности од еко - секцијата произведување на компост - изјави Елизабета Костадиновска Костиќ, директорка на училиштето.
За Денот на дрвото училиштето доби 100 садници, а дел од нив ќе бидат засадени и во подрачните училишта.
Дел од садниците беа дадени во подрачните училишта во село Речица и во село Којнаре и овдека во нашето училиште значи ископавме дупки и ги засадивме садниците од бел бор - кажа Јелена Павловска, професор по биологија и координатор за екологија во училиштето.
Денот на дрвото масовно се одбележува во целата држава со цел заштита на околината.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk