Во “11 Октомври“ се подготвува „свадба„

22.04.2013 08:33 | KumanovoNews

  Учениците од основното училиште “11 Октомври„ подготвуваат театарска претстава за животот и културата во ромската, српската и македонската заедница.

Во “11 Октомври“ се подготвува „свадба„

Интеркултурниот театар ќе ни покаже свадба организирана според трите различни култури, македонска, српска и ромска и обичаите кои се практикуваат на свеченоста. Ќе има музички нумери кои се карактеристични за секоја од културите и тие ќе траат од 5 до 7 минути. Во тој период групи од по 15 ученици костимирани како свадбари без зборови ќе ги претстават обичаите, традицијата и обредите. Сцена ќе ни биде училишниот хол и училишната градина кои ќе бидат адекватно уредени - велат од училиштето.

Проектот треба да го поттикне заедништвото, еднаквоста,  да можат децата да се спротивстават на предрасудите, и да промовираат толеранција.

Драмата ќе биде изведена во почетокот на мај. Проектот е поддржан од УСАИД и Фондација отворено општество Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk