Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство

23.09.2020 09:38 | KumanovoNews

 Настава со физичко присуство да се организира во 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство

 Условите не ги исполнуваат 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта. 

Според извештајот на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство , за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk