Во 2014 ќе се заврши затворениот базен?

11.12.2013 09:22 | KumanovoNews

 Општината Куманово во 2014 година планира да ја доврши изградбата на затворениот градски базен и аква паркот, а ќе се изградат и реконструираат стотина улици во градот и приградските населби.

Во 2014 ќе се заврши затворениот базен?

 За таа намена во програмата е предвидено да се потрошат 480 милиони денари.

Изградбата на градскиот базен е завршена 35 отсто, а планирано е градбата да се заврши наредната година. Општината поднесе барање за нова семафорска раскрница помеѓу булевар “Октомвриска револуција“ и улицата “Пионерска“. Ако добиеме согласност, тоа ќе го реализираме и овој преокт. Во програмата се опфатени се и сто улици во централно градско подрачје на територија на Општина Куманово, дел за реконструкција, дел за изградба. Знаете дека општината е под блокада, но се надевам дека ќе ја реализираме програмата- изјави Момчило Јовановски, заменик раководител на сектор за урбанизам.

Базенот е со површина од 7000 квадрати и аква парк од 2000 квадрати и беше започнат пред две години. Иако беше најавувано дека ќе се заврши за една година, поради лошата финасиска состојба на општината неговата изградба доцни.

Програмата за развој предвидува и изработка на 9 ДУП и еден ГУП, 10 технички документации за објекти од јавен карактер, проектна документација за изградба на 50 фекални канализации, зимско и летно оддржување на улици и друго.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk