Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Река од нечиста вода измешана со измет тече по улицата и навлегува вонивите и дворовите на околните куќи. По фекалиите секојдневно газат минувачи и возила , поради што жителите се плашат дека ќе се појави заразна болест.
Скоро два месеци дел од населбата Ајдучка Чешма се дави во фекалии. Со денови жителите на улицата 315 мака мачат со канализацијата што истекува од шахта и пукната цевка. Река од нечиста вода измешана со измет тече по улицата и навлегува во дворовите на околните куќи. По фекалиите секојдневно газат минувачи и возила , поради што жителите се исплашени дека ќе се појави заразна болест.
Повеќе од месец ипол никој не презема ништо. Кога пријавивме во ЈП „Водовод„ излегоа на терен, видоа за што се работи ја ископаа улицата и повеќе не се вратија. Тука секојдневно поминуваат голем број на граѓани кои заразата ја носат низ целата населба. Ова е срамота, ако живееме во приградска населба незначи дека треба да не остават да се удавиме во фекалиите - се жалат жителите.
Од ЈП „Водовод„ им објасниле дека цевката каде што истекува водата е сплескана и пукната, па поради тоа им треба повеќе време да ја поправат. Но, жителите бараат тие да бидат поекспедитивни, бидејќи од излеаната канализација се шири неподнослива реа и не можат да спасат од муви и комарци. Тие најавуваат подрастични мерки и протести пред Општината, додека не се заразиле.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk