Во Алешевце откриен канабис

14.10.2010 13:08 | KumanovoNews

 Во атарот на селото Алешевце, липковско откриени се засадени 715 стебла од растението канабис сатива.

Во Алешевце откриен канабис

 Билките се најдени во м.в.„Алашевска чешма„ на околу 100 метри од селскиот пат во самата шума на државно земјиште. На тој простор имало засадена борова шума која била искорната, за да се одгледува канабисот. Дрогата била пронајдена по оперативни сознанија на полицијата. На лице место заедно со стеблата биле откриени и пластични шишиња и пластични чаши, кои се предадени на вештачење. Кумановската полиција работи на откривање на одгледувачите на канабисот и расчистување на случајот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk