☰

Во алхолозирана состојба предизвикал пожар, изгореле сено и плевна, полицијата го привела

05.10.2026 11:42 | KumanovoNews

Дваесет и петгодишен жител на село во Општина Старо Нагоричане, вчера предизвикал пожар, при што изгореле сува трева, сено и стара плевна.

Во алхолозирана состојба предизвикал пожар, изгореле сено и плевна, полицијата го привела

По пријава на граѓани, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го привеле Ф.М. (25) од с. Враготурце. 

„Тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk