Во автомобил откриена шверцувана облека

03.10.2017 17:21 | KumanovoNews

На патот Крива Паланка-Куманово, во бугарски автомобил откриени се 184 парчиња облека, детски јакни, панталони, детски хеланки и долна облека.

Во автомобил откриена шверцувана облека

Непријавените производи, биле сокриени во фабрички празнини, под задното седиште, под навлаките на седиштата и во фиоката за документи.

Облеката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk