Во Банево Трло пронајден мртов маж

14.01.2010 10:19 | KumanovoNews

  На улицата Ѓуро Пуцар-Стари во населбата Перо Чичо  ноќеска околу 1, 40 часот било пронајдено безживотното тело на Заре Каранфиловски. Безживотното тело го пронашол случаен минувач по што била повикана полицијата.

Во Банево Трло пронајден мртов маж

 Според информациите од полицијата, починатиот е  Заре Каранфиловски(56). Првичниот увид на телото на Каранфиловски открил видливи траги на насилство на главата. Докторите подоцна утврдиле дека Каранфиловски бил удрен со тап предмет во темето и на челото, што било и причина за смртта на кумановецот. Полицијата во Куманово, се уште работи на откривање на околностите за смртта на Каранфиловски и трага по можниот убиец.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk