Во базенот на ФЗЦ Сашо го фати светиот крст

19.01.2011 13:06 | KumanovoNews

 Сашо Лазаревски(25) од населбата Гоце Делчев,  го фати светиот крст фрлен во водите на базенот на Ловечкиот дом во Куманово. Сашо има единствена желба оваа година да се вработи, а крстот го фаќа по трет пат.

Во базенот на ФЗЦ Сашо го фати светиот крст

 Досега сум скокал шест пати во базенот, а ова ми е трет пат како го фаќам крстот. Се надевам дека оваа трета-среќа ќе ми донесе работно место, а пред се многу здравје и среќа- вели Сашо.

Тој вели дека ја почитува верата и традицијата и ќе продолжи и наредните годнини да се натпреварува во фаќањето на крстот за празникот Богојавление-Водици. Тој доби и подароци.

Фрлањето на крстот во осветените води на базенот во Ловечки дом беше масовно посетено од граѓаните и претставници од политичкиот живот во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk