Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Крива река вчера попладне поплавила две куќи, една викендица и пат во селото Бељаковце, информираат од Регионален центар за управување со кризи.
Од месната заедница во селото ги известиле надлежните за да преземат соодветни мерки за заштита.
„ Се јави преседателот на месната заедница и не извести дека речното корито е изместено, односно го има заобиколено мостот и водата го поплавила стариот пат кој го поврзува мостот. Од таа причина 7 до 8 семејства се отсечени од Долно Бељаковце - Куманово. Од наша страна информацијата е пренесена до Општина Куманово“ - велат од РЦУК.
Наредните денови не очекуваат врнежи од дожд и пониски температури.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk