Во БМВ пронајдена кеса со марихуана

14.01.2019 17:35 | KumanovoNews

На локалниот пат од Куманово кон село Речица, вчера во 15.30 часот, при извршена контрола и преглед на патничко возило „БМВ“ пронајдена е кеса марихуана.

Во БМВ пронајдена кеса со марихуана

Автомобилот бил во сопственост на Б.Н.(61) од Скопје, а управувано од С.М. (23) и К.А. (25) како сопатник, двајцата од Куманово.

Кесата со марихуана е одземена, а лицата се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk