Во “Боро Менков“ ќе се одбележи Денот на АРМ

17.08.2015 10:13 | KumanovoNews

 Во касарната „Боро  Менков“ утре со почеток во 11 часот,  со воена свеченост единиците од  гарнизон Куманово ќе го одбележат 18- ти август, Денот на АРМ.

Во “Боро Менков“ ќе се одбележи Денот на АРМ

По повод 23 година од формирањето на Армијата на Република  Македонија, во рамките на прославата ќе следи: постројување на припадниците на единиците од гарнизон Куманово, предавање на стројот на командантот на гарнизон, интонирање на државната химна на  Република Македонија и химната на  АРМ,  оддавање  на почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починатите припадници на АРМ,  честитање  на  празникот,  пригоден  говор,  читање  стимулативни  мерки  и наредби  за  унапредувања  на  старешини, врачување  на  одликувања,  награди  и пофалби  и честитки. Ќе биде изложено вооружувањето и опремата со кои располага единицата.

На  прославата  се  поканети  и  преставници  од  државна  управа,  јавните установи  и  служби,  градоначалниците  и  преставниците  на  единицате  на  локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на  Република Македонија има соработка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk