Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во касарната „Боро Менков“ утре во 11.30 часот, ќе се одржи свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Здружената оперативна команда.
Согласно указите од Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов за командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Васко Ѓурчиновски. Предвидено е постројување на припадниците на ЗОК и церемонија на примопредавање на военото знаме на ЗОК и потпишување на извештаите за примопредавање, со што ќе се изврши и официјално примопредавање на должноста.
На свеченоста се очекува да присуствуваат министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, началникот на генералштабот на АРМ и досегашен командант на ЗОК , генерал потполковник Методија Величковски, командантите на потчинетите единици на ГШ на АРМ и команданти на потчинетите единици на ЗОК.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk