Во “Браќа Рибар“ промовирана здрава храна

07.11.2012 14:24 | KumanovoNews

 По повод светскиот Ден на акција, учениците од основното училиште “Браќа Рибар“ од село Табановце промовираа здрава храна и направиа модна ревија со материјали кои можат да се рециклираат.

Во “Браќа Рибар“ промовирана здрава храна

 Учениците од прво до петто одделение заедно со своите одделенски раководители, во соработка со родителите, се потрудија да организираат модна ревија од материјали кои можат повторно да се употребат, како на пример: најлонски кеси, јута, картони, вреќи и стара облека. Зошто да се фрла, кога може да се искористи? Учениците од шесто до осмо одделение се вклучија во оваа манифестација, со штандови за здрава храна според пирамидата на исхраната. Секое одделение имаше свој штанд на кој се наоѓаа производи од пирамидата: штанд на овошје, зеленчук, месо, млеко и млечни производи итн. Учениците беа навистина креативни во декорацијата на штандовите - рече Розита Благојевиќ, директор на училиштето.

Во 52 земји во светот се одбележува овој ден со еко програми, проекти и настани. Слични активности имаше и во повеќе образовни установи во Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk