Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 650 испитани мостри храна, во 30 се најдени изолати на бактерија листерија, а кај еден изолираната бактерија генетски е идентична со бактеријата најдена кај заболените пациенти.
Листерија е пронајдена во чаден свински врат од “Екстра Меин“, соопштија од Комисија за заразни болести.
Мостри од производот за анализа се земени од малопродажба во Гевгелија.
„ Во мостра од еден производ најдена е бактерија со ист генотип како кај луѓето и ова значи сериозна насока за лоцирање на изворот на загадувањето„, - изјави Звонко Миленковиќ, директор на Инфективна клиника.
Тој додава дека бактеријата најдена во храната, 98 отсто се совпаѓа со бактеријата најдена кај луѓето.
Од оваа опасна бактерија досега починаа четворица луѓе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk