Во центарот на Куманово тргнато македонското, поставено албанско знаме

31.03.2017 15:17 | KumanovoNews

Неколку лица го тргнале македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово и на негово место кренале знаме на Република Албанија.

Во центарот на Куманово тргнато македонското, поставено албанско знаме

 Според очевидци, момчињата биле забележани од полициски инспектори, кои успејале да фатат двајца од нив, а едниот  побегнал.

Веднаш било повикано засилување од СВР Куманово и двајцата биле приведени во полицијата.

Инцидиентот се случил во 16 часот пред зградата на хотел Кристал, пред очите на голем број на кумановци кои се враќале од работа или шетале по Градскиот плоштад.

Граѓаните коментираат дека ваквите постапки нема да донесат добро никому, особено во ваква зовриена политичка состојба во државата.

 Околу 17 часот албанското знаме било тргнато од јарболот.

Од Кумановската полиција велат дека работат на расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk