Во Центарот за јавно здравје ќе се прават и брзи тестови за ковид-19

25.06.2021 09:27 | KumanovoNews

Од идната недела во Центарот за јавно здравје Куманово ќе се прават и брзи антигенски тестови за ковид-19, како нова услуга за граѓаните кои патуваат во странство.

Во Центарот за јавно здравје ќе се прават и брзи тестови за ковид-19

Цената на овие тестови ќе изнесува 800 денари. Во Центарот за јавно здравје Куманово веќе се достапни и ПСР тестови. 

Инаку, во Општина Куманово досега се вакцинирани вкупно 13. 533 лица, од кои втора доза примиле 11. 505 лица. Во тек е ревакцинација на останатите лица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk