Во Центарот за култура изложба на афоризми и карикатура

28.01.2015 08:56 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба со карикатури од 15 - от Меѓународен фестивал на афоризми и карикатура Струмица 2014.

Во Центарот за култура изложба на афоризми и карикатура

Организатор и координатор на проектот е НУ Центар за култура “Антон Панов“ од Струмица. На фестивалот пристигнаа над 200 карикатури  и 500 дела афорзими од 27 земји, работени на темата „Еротиката во традиционалниот Струмички карневал“. Најдобар афоризам има Милен Миливоевиќ од Србија, а меѓу другите двајца наградени се Васил Толевски од Македонија и Дејан Ристиќ. Хенрик Цебула од Полска е добитник на Златна плакета за карикатура на 15-то издание на Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура, посветен на струмичкиот карневал со блага еротска тематика. Сребрената плакета замина кај Валери Александров од Бугарија, додека Германецот Стрефен Јахсновски Хершел ја освои третата награда.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 12 февруари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk