Во Четирце спречен шверц на мигранти од Сирија

24.07.2023 10:16 | Сузана Николиќ

На влезот во кумановското село Четирце, вчера  било откриено возило со мигранти од Сирија.

Во Четирце спречен шверц на мигранти од Сирија Фото: Мери Георгиевска

„Во 13.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Б.З.(26) од Скопје. Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, врши превоз на шест лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник“, соопшти МВР.

Мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце, а Б.З. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk