Во четврток ќе се прска против комарци од земја

07.09.2020 09:27 | KumanovoNews

Општина Куманово во четврток ќе изврши терестичка дезинсекција на подрачјето на Куманово, за уништување на возрасни форми на комарци.

Во четврток ќе се прска против комарци од земја

„Се известуваат граѓаните дека на 10.9.2020 година (четврток), во 01.00 часот, на територијата на општина Куманово ќе се изврши шесто терестично прскање против возрасна форма на комарци. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на овој третман, дезинсекцијата ќе се изврши првиот ден кога временските услови ќе бидат поволни“, соопштуваат од општината.

Претходно, граѓаните на Куманово се пожалија дека има наезда на комарци во одредени делови на градот и дека не се прска со соодветни средства, по што од општината ги демантираа тие тврдења, потенцирајќи дека се прска со средство одобрено од Министерството за здравство и најавија ново прскање против возрасна форма на комарци, кое треба да се случи во четврток. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk