Во четврток и петок второ прскање против крлежи

13.08.2013 08:21 | KumanovoNews

 Во раните утрински часови во четврток и петок ќе се изврши второ третирање против крлежи на зелените јавни површини во градот со користење на контактен инсектицид.

Во четврток и петок второ прскање против крлежи

Целта е да се  спречи ширење на заразни болести. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани.

 Не се препорачува подолг престој на третираните површини, како за луѓе, така и за животни, а особено во периодот непосредно по извршениот третман. Пчеларите да си превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.-  соопштуваат од Општина Куманово.

Во случај да не се изврши третирање поради лоши временски услови, истото се одложува за наредниот ден.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk