Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово во четврток (2 јули) ќе го реализира првото авионско прскање против комарци годинава.
Прскањето ќе започне во 5:00 часот и ќе се изведува во раните утрински часови на територијата на Општина Куманово.
„Третманот ќе се изврши на површина од 1.270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течението на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје и пречистителната станица на ЈП „Водовод“ во с. Добрашане“, соопштија од Општина Куманово.
Оттаму апелираат до пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.
„Доколку временските услови не дозволат спроведување на третманот, тој ќе биде извршен првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни“, се наведува во соопштението.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk