Во дворот на Кумановската болница пронајден починат бездомникот Сефедин Куртиши

13.11.2023 11:31 | Сузана Николиќ

Сефедин Куртиш (56) од Куманово, кој со сериозни здравствени проблеми и запуштен талкаше по кумановските улици, вчера е пронајден мртов во кругот на Општата болница Куманово. 

 

Во дворот на Кумановската болница пронајден починат бездомникот Сефедин Куртиши

„На 12.11.2023 во 07.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во кругот на Општа болница Куманово бил пронајден починат С.К. (56), бездомник од Куманово. По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на претпријатие за погребални услуги“, стои во извештајот на МВР.

Сефедин пред двесетина дена лежеше неподвижен со рани на нозете и беспомошен во дворот на неговата распадната куќа во Куманово. По апелот на неговите соседи и Кумановоњуз, започна постапката за вадење на лични документи, а на двапати беше примен и во Кумановската болница на лекување. Поради тоа што одбивал лекарска грижа во петокот излегол од болницата.  Тој бил пренесен и во Психијатриската болница во Скопје, но бил вратен за да му заздрават нозете. Предмет отвори и народниот правобранител, а од Центарот за социјални работи во Куманово работеа да добие социјална помош и сместување бидејќи е бездомник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk