Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во новоотворениот угостителски објект “Џемово меанче“, граѓаните можат да нарачаат скара подготвена по стариот кумановски рецепт.
Целта на сопственикот е да ja врати некогашната традиција, препознатливите кумановски кебапчиња да се прават без адитиви и соја, туку исклучиво од свежо и квалитетно месо.
Кога разговарам со повозрасните граѓани сите се потсетуваат на некои времиња од пред 20 години, кога скарата била кумановски бренд. Сега никој не сака да се нафати да го врати тој квалитет. Јас успеав да го направам тоа од пред два месеци. Учев од пет стари мајстори како се прави кумановска скара и научив, поради тоа сум многу горд и задоволен од резултатите. Имаме голем интерес кај граѓаните, бидејќи го препознаа квалитетот што ми е многу драго. Повозрасните се потсетуваат на традиционалниот вкус, а помладите учат што е квалитетна стара кумановска скара. Едноставно сакам да направиме бренд по кој ќе се препознава Куманово- вели Виктор Георгиевски, сопственик на “Џемово меанче“.
Тој доддава дека со оглед на економската состојба во земјава, ги прилагодиле и цените. На муштериите им нудат 20 отсто поефтини цени на храна и пијалоци за разлика од другите угостителски објекти во градот.
Замислата ми е “Џемово меанче“ да биде место за седенки, дружби и следење на спортски натпревари. Куманово одсекогаш било познато по тоа. Но сепак го следиме и новите трендови, па за сите кои се со многу обврски или сакаат да славата во кругот на семејтвото нудиме бесплатна достава на нашите производи. Имаме договорено достава со неколку такси компании во Куманово. - додава Георгиевски.
“Џемово меанче“ е лоцирано на улица “Иво Лола Рибар“ бр.116 на крајот на Нагорички сокак.
Нарачки можат да се извршат на телефонскиот број 072 277 774.
(комерцијален текст)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk