Во Гимназијата бојкот, останатите на настава

06.04.2015 08:31 | KumanovoNews

Учениците од Гимназијата “Гоце Делчев“ денеска ја бојкотираат наставата, а учениците од средните стручни училишта не се приклучија на бојкотот на кој повика Средношколскиот пленум.

Во Гимназијата бојкот, останатите на настава

Средношколскиот пленум бара средба со министерот за образовавание и наука, Абдулаќим Адеми, укинување на лошите реформи во образованието како екстерното тестирање и да не се полага математика како дел од државна матура.

Гимназијата целосно ја бојкотира наставата. Она што беше ветено дека ќе има друштевни игри додека сме на училиште, не е изводливо. Од утре ќе настојуваме и другите средни училишта да ни се приклучат на бојкотот. Наставаta ќе бојкотираме се додека не не повикаат на разговор во МОН - велат од Средношколскиот пленум.

Директорот на “Гоце Делчев“, Горан Димитријевиќ вели дека во прва смена бојкот има, а дали и учениците од втора смена ќе бојкотираат сеуште не се знае. Утрово учениците дошле на училиште и се разотишле.

Од другите средни училишта потврдија дека кај нив наставата тече нормално.

Кај нас се е во ред, се одржуваат часови и нема некои поголеми отсуства - рече Лидија Тасевска, директор на “Перо Наков“.

Состојбата е иста и во “Киро Бурназ“ и “Наце Буѓони“. Настава бојкотираат и учениците од Скопје и други градови низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk