Во Грција оштетен автомобил на кумановец

10.09.2015 07:16 | KumanovoNews

Оштетен е автомобил на кумановец кој летувал во Паралија, Грција.

Во Грција оштетен автомобил на кумановец

На автомобил марка „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. во местото Паралија, со црн спреј му биле испрскани регистарските таблици во делот на ознаката МК,  како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што е прекриена ознаката „МК“.

Изминатиов период, граничната полиција евидентираше 4 нови случаи на оштетување возила на македонски државјани кој летувале во соседна Грција.

Со овие четири нови случаи, билансот на оштетени возила на македонски државјани кои летувале во Грција се искачи на 10, а евидентиран е и еден случај на кражба на регистарски таблички.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk