Во “Христијан Карпош“ се собира стара хартија и пластика

03.11.2014 14:11 | KumanovoNews

Во основното училиште “Христијан Карпош“ оваа недела учениците собираат стара хартија и пластика за рециклирање.

Во “Христијан Карпош“ се собира стара хартија и пластика

Хартијата и пластиката ја носат од дома, или собираат во училиштето.

“Материјалот кој ќе биде собран во текот на оваа недела ќе биде предаден на локална фирма, која се занимава со рециклирање и со која имаме потпишано меморандум за соработка. Средствата кои ќе ги добиеме ќе одат во еко фондот на училиштето и зависно колку ќе биде буџетот се планира набавка на штедливи светилки или тајмер чешми“ - вели Лидија Костиќ, директорка на училиштето.

Слична акција во “Христијан Карпош“ беше организирана и лани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk