Утре трговците не смеат да работат, ќе има инспекциски контроли

23.04.2024 15:29 | KumanovoNews

Во изборните денови трговците не смеат да работат, а Државниот пазарен инспекторат ќе спроведе засилени контроли да види дали се спроведува заклучокот на Владата.

Утре трговците не смеат да работат, ќе има инспекциски контроли

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) со соопштение им укажува на сите работодавачи дека деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година,

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

„За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори  ќе  контролира дали заклучокот на техничката Влада се почитува  од страна на работодавачите“, стои во соопштението на ДПИ.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk