Во изгорениот автобус нема повредени, на дел од патниците им се слошило па интервенирала Брза помош

01.06.2019 17:13 | KumanovoNews

 Седумдесет и двајца патници имало во двокатниот автобусот на новосадскиот превозник „Јадран“, што попладнево изгоре на граничниот премин Табановце.

Во изгорениот автобус нема повредени, на дел од патниците им се слошило па интервенирала Брза помош

Сите патници навреме излегле од автобусот и немало повредни, но поради шокот што го претрпеле на неколку патници им се слошило, па интервенирала Брзата помош од Куманово.

- Во пожарот немаше повредени патници, но како последица на предизвиканиот стрес интервениравме кај повеќе случаи, бидејќи им беше лошо. Луѓето беа прилично вознемирени и уплашени, со покачен крвен притисок.  Им пруживме прва помош, по што заминаа преку граница и рекоа дека ќе бараат помош во нивната земја, - соопштуваат од Брза помош Куманово.

Според непотврдени информации автобусот се враќал од Паралија, а како причина за пожарот се наведува неисправна инсталација.

Во противпожарната единица Куманово, пожарот бил пријавен во 15.45 часот, по што прво на терен излегло една возило, а потоа било побарано засилување. Пожарот е локализиран околу 18 часот.

Увид на лице место врши екипа на СВР Куманово.

По пожарот нема застој на граничниот премин Табановце и сообраќајот се одвива редовно.





Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk