Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За првите шест месеци од годината 65 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди на патишата во државата.
Во текот на месец јули забележена е зголемен број на загинати во сообраќајни незгоди, а споредебено со 2015 –та година бројката се движи во тие рамки.
“Се надевам дека преку разни проекти кои ќе ги реализира Републичкиот совет во соработка со МВР ќе придоенесат за намалување на таа бројка. Во оваа прилика сакам да ги повикам граѓаните, и да апелирам во текот на летниот период кога е зголемена фреквенцијата на возила на патишатата да ги почитуваат сообраќајните правила да и сообраќајните прописи, и да се однесуваат одговорно, - изјави Стојче Стаменковски од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, при денешната посета на граничниот премин Табановце на која присуствуваше и Министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
Министерот, на возачите кои влегуваа во државата им подели едукативен матерјал за влијанието на заморот и брзото возење на безбедноста на патиштата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk