Во јуни издадени 10 одобренија за градба во Куманово

12.08.2013 12:11 | KumanovoNews

Според податоци од Државниот завод за статистика, во јуни годинава се издадени 10 одобренија за градба во Куманово.

Во јуни издадени 10 одобренија за градба во Куманово

Од нив 9 одобренија се дадени на физички лица, а 1 одобрение е за деловен субјект и се проценува дека изградените објекти ќе чинат 28.240 илјади денари.

Во останатите општини во североисточниот регион нема издадени дозволи за градба во јуни, со исклучок на Крива Паланка каде  се издадени 3 дозволи на физички лица, а објектите ќе чинат 2.345 илјади денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk