Поголема количина на прехранбени производи со изминат рок на траење пронајдени во камион и магацин

02.02.2023 11:00 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.

Поголема количина на прехранбени производи со изминат рок на траење пронајдени во камион и магацин Фото: pxhere.com

Откако возачот е приведен и кажал од каде ја зел стоката, била извршена контрола и во магацин на ул. „Индустриска“, сопственост на Б.М. (45) од с.Романовце, кумановско, кој признал дека е негова. 

„Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите“, велат од МВР.

Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk