Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Агенцијата за катастар на недвижности ги информира граѓаните и другите корисници, дека денеска електронскиот шалтер како и шалтерите во Центарот за катастар на недвижност Скопје и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија, нема да бидат во можност да примаат барања како и да издаваат податоци.
Професионалните корнисници нема да можат да го користат електронскиот шалтер и утре.
Агенцијата за катастар на недвижности следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе изврши надоградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата. По надоградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците“ - велат од катастар.
На овој начин предметите полесно ќе се решаваат и полесно ќе се издаваат податоци.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk