Во клечовско се чистат системите за наводнување

18.09.2013 10:36 | KumanovoNews

 Се чистат системите за наводнување на земјоделски површини во селата Клечовце, Јачинце и Довезенце.

Во клечовско се чистат системите за наводнување

Екипи од Водостопанство “Кумановско - Липковско Поле“ работатат машински и рачно на  расчистување на каналите.

Се чистат два мини системи помеѓу селата Довезенце-Јачинце и Јачинце-Клечовце во должина од 3600 метри. Дел од каналите се бетонирани пред триесетина години. Имаме голем број на водокорисници во тој регион, а знаеме дека на земјоделството му е потребна вода. Акцијата е на Министерство за земјоделство и по завршување на чистењето ќе се подобри водоснабдувањето во нивите.- вели Филип Филиповски, директор на Водостопанство “Куманово - Липковско Поле“.

Преку овие системи се наводнуваат 300 хектари земјиште.

И во останатите градови во земјава се спроведуваат акции за чистење на ваквите системи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk